Во викендичка запленета марихуана и пиштол

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

На 26.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога во рамките на засилените мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, врз основа на претходна издадена судска наредба, изврши претрес кај  М.Г. (29) во викенд куќа во село Моране, скопско.

При извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол. Лицето претходно е лишено од слобода.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот