Во Виетнам ги идентификуваат жртвите од камионот со ДНК

Фото: Профимедиа

Полицијата во централниот дел на Виетнам соопшти дека однела форензички примероци од жители кои верувале дека членовите на нивното семејство би можеле да бидат меѓу 39-те жртви кои беа пронајдени мртви во приколка со камиони во Англија минатата недела.

Според Ројтерс, полицијата во провинцијата Нге зела примероци, вклучително и коса и нокти, од членовите на семејството, за да се обиде да помогне во идентификувањето на жртвите, кои беа пронајдени мртви во камионска приколка во Англија минатата недела, пренесува ВНЕкспрес.

Досега, 24 виетнамски семејства пријавиле исчезнување на нивните најблиски пред локалните власти, јавува веб-страницата.

Тринаесет лица се пријавени како исчезнати во округот Тан Нге Ан, а роднините стравуваат дека може да бидат меѓу жртвите пронајдени рано во средата во индустрискиот парк на југо-исток на Англија.

Да потсетиме, камион со 39 тела пристигна од Бугарија во саботата, а беше откриен во индустриска област источно од Лондон во средата, соопшти полицијата.

Претходно денес, ирската полиција соопшти дека уапсила маж што го барале британските власти во врска со случајот со камион со ладилник во кој биле пронајдени 39 тела на југо-исток на Англија.

Мажот е уапсен во пристаништето во Даблин, пренесува АП.

Притоа, бројот на уапсените во овој случај се искачи на пет. Меѓу нив е и возачот Морис Робинсон (25), кој исто така е од Северна Ирска. Тој е обвинет за убиство на 39 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот