Во Виена уапсен Македонец кој пред неколку години се обидел да ја убие својата мајка

Апсење / Фото: МИА

Осомничен е 24-годишен Македонец кој се обидел да ја убие својата мајка со неколку истрели од огнено оружје во 2017 година, по што побегнал во Виена. Австриската служба за криминалистичка истрага (БКА) успеала да го пронајде, јавуваат српските медиуми.

Тој прво се криел во Виена со години, од каде што се преселил во Велс, каде што создал сосема нов живот за себе.

Специјална единица на австриската полиција Кобра го уапсила Македонецот додека го управувал својот автомобил, во кој била пронајдена дрога.

Видео на денот