Во Венецуела приведен опозиционерот Гевара

EPA-EFE/RAYNER PENA R

Венецуелските агенти за безбедност синоќа го уапсија Фреди Гевара, еден од опозиционерите во Венецуела, под обвинение за тероризам и предавство.

Гевара е приведен во Каракас под обвинение за „поврзаност со екстремистички групи и странски влади.

Тој е близок сојузник и на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој потврди дека вооружени лица му се заканувале кога се обидел да му помогне на Гевара.

Главниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб изјави дека Гевара ќе биде обвинет за „тероризам, предавство, напад врз уставниот поредок и заговор со цел извршување злосторства”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот