Во Велика Британија значително се намали бројот на лица кои умираат од ковид-19

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Бројот на луѓе кои умираат од коронавирус во Велика Британија падна за повеќе од 99 отсто во однос на пикот на епидемијата, јавува Метро.

Според податоците на тамошниот државен завод за статистика, ден кога се забележани најголем број смртни случаи, 1.445 бил 4 април. А министерството за здравство објави дека во неделата од коронавирус починале 8 лица, што е пад за 99,5 отсто.

Исто така, бројот на луѓе кои се наоѓаат на лекување во болниците исто така падна за 95 отсто во однос на врвот на епидемијата. На 12 април во болниците се наоѓаа 19.872 луѓе, додека вчера поради ковид-19 беа хоспитализира 1.067 пациенти.

Исто така, бројот на пациенти на респиратори е паднат за 98 отсто во однос на врвот на епидемијата. И тоа од 3.277 колку што биле на респиратор на 12. април на вчерашните 67. Некои болници објавија и дека повеќе немаат хоспитализирани пациенти.

Еден лекар изјави дека тоа би можело да биде зошто Велика Британија го достигна „имунитетот на стадо“.

Доктор Рон Даниелс, кој работи на одделот за интензивна нега во Бирмингем, рече за Сандеј Тајмс дека не очекува во иднина да дојде до зголемување на бројот на пациенти заразени од коронавирус во болниците. Рече и дека најранливите лица во Велика Британија се заразиле во текот на март и април, што значи дека вирусот сега станува помалку вирулентен.

Инаку, досега во Велика Британија од ковид -19 починаа 46.574 лица, а 310.825 се заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот