Во Велика Британија вакцинирани повеќе од 9 милиони луѓе, а дури 600.000 во еден ден

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Вчера во Велика Британија дури 600.000 луѓе ја примија првата доза од вакцината против коронавирусот, покажаа официјалните податоци објавени од владата, а ги пренесе Би-Би-Си.

Британија се приближува до бројката од 9 милиони вакцинирани. Вчера беа вакцинирани точно 598.389 лица, од кои 491.053 добија втора доза.

Министерот за здравство, Мет Хенкок изјави дека е воодушевен и истакна дека „секоја доза на вакцина ги носи чекор поблизу до нормалното“.

Во еден клип на Твитер, Ханкок вели дека е благодарен на секој граѓанин којшто придонел да се случи ова и објасни дека три четвртини од населението на возраст од 75 до 79 години и четири петтини од оние над 80 години се веќе вакцинирани.

Велика Британија е близу до бројката од 4 милиони заразени и со тоа е четврта земја во светот и прва во Европа. Вкупно 106.158 Британци починаа од коронавирусот, што ги прави број еден во Европа.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот