Во Велика Британија разбиена меѓународна група вмешана во трговија со луѓе

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Полицијата на Јужен Јоркшир во Велика Британија и романската национална полиција, поддржани од Европол и Евроџаст, вчера разбиле организирана криминална група која била вмешана во трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

На денот на акцијата, полицајци од Романија и Велика Британија извршиле претрес во 11 куќи (пет во Романија и шест во Велика Британија), а операцијата доведе до апсење на деветмина осомничени членови на група за организиран криминал во Велика Британија и до притвор на три лица во Романија, соопшти Европол.

Полицијата идентификувала осум потенцијални жртви на трговија со луѓе, сите жени на возраст меѓу 18 и 30 години.

Криминалната група, која е активна од 2017 година, ги регрутирала своите жртви од економски загрозените региони во Романија. На жртвите им била ветувана значителна материјална добивка.

Најчестиот метод за регрутирање бил методот „љубовник”, со кој се обезбедува емотивна зависност на младите жени од членови на криминална група. Конкретно, многу членови на групата всушност биле во врска со сексуално искористуваните жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот