Во Велика Британија почнува регрутација на 10.000 граѓани за тестирање на вакцина за коронавирус

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

СЗО на 15. мај објави дека моментално врз луѓе се тестираат осум вакцини.

Универзитетот Оксфорд и мултинационалната компанија АстраЗенека ќе регрутира околу 10.000 возрасни и деца во Британија за тестирање на експериментална вакцина за коронавирус.

Институциите ширум Британија почнаа со регрутација на 10.260 испитаници за да утврдат како имнолошкиот систем реагира на вакцината и колку е безбедна, објави Универзитетот.

Истражувачите првенствено бараат здравствени работници и припадници на други дејности кои работат со луѓе за да добијат јасен сигнал за успешноста на вакцината зошто тие сектори се среќаваат со заразени во секојдневната работа.

Првата фаза од експериментот почна на 23 април и низ неа поминаа над 1.000 волонтери на возраст меѓу 18 и 55 години, а Оксфорд соопшти дека во втората и третата фаза ќе учествуваат луѓе постари од 56 години, како и деца меѓу 2 и 5 години.

Но успешноста на вакцината ќе биде позната дури за два до шест месеци, објави Оксфорд.

АстраЗенека веќе договори масовно производство на вакцина со Велика Британија и САД ако таа се покаже како делотворна и безбедна.

Во четвртокот беше објавено дека АстраЗенека од американските власти добила милијарда долари за развој на вакцината, со што САД си обезбеди 300 милиони дози за своите сограѓани. Американското министерство за здравство прецизираше дека ќе исплати до 1,2 милијарди долари по пат на приватно -јавно партнерство за развој на најмалку 300 милиони дози со првите испораки во октомври 2020.

СЗО на 15. мај објави дека моментално врз луѓе се тестираат осум вакцини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот