Во Велика Британија неработен ден по повод крунисувањето на Чарлс Трети

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британската Влада објави дека во Обединетото Кралство ќе има неработен ден по повод крунисувањето на кралот Чарлс Трети, осум месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Празникот ќе биде во понеделник, 8 мај, два дена по церемонијата организирана во Вестминстерската опатија на 6 мај, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

„Крунисувањето на новиот монарх е посебен момент за нашата земја”, рече премиерот Риши Сунак во соопштението. Премиерот, исто така, вели дека се надева оти луѓето ќе му оддадат почит на кралот Чарлс Трети и ќе учествуваат на локални и национални настани низ целата земја.

Крунисувањето на Елизабета Втора на 2 јуни 1953 година исто така беше неработен ден., како и 19 септември 2022 година кога се одржа погребот на кралицата.

Бакингемската палата најави церемонија која гледа напред, додека ја одржува врската со долгата традиција и раскошот на монархијата.

Според британскиот печат, во согласност со желбата на кралот Чарлс Трети за поштедлива монархија, крунисувањето ќе биде пократко и поштедливо од она на неговата мајка, со оглед на економската криза.

Крунисувањето на Елизабета Втора траеше повеќе од три часа и имаше 8.251 гости во Вестминстерската опатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот