Во Велика Британија драстичен пад на бројот на вработени

Фото: EPA-KERIM-OKTEN

Во ОНС истакнуваат дека пандемијата на пазарот на труд најтешко ги погодува најмладите и најстарите работници и оние на мануелни работни места.

Бројот на вработени во Велика Британија падна во второто тромесечие поради коронакризата најмногу во последните 10 години, покажуваат денеска објавените податоци на статистичкото биро ОНС.

„Во периодот од април до јуни бројот на вработени се намали за 220.000, што е најголем квартален пад од мај до јули 2009 година“, наведуваат од ОНС.

Намалувањето на бројот на вработени мажи, за 135.000 е најголемо од периодот меѓу јули и септември 2011 година, се додава во соопштението од статистичкото биро.

Во ОНС истакнуваат дека пандемијата на пазарот на труд најтешко ги погодува најмладите и најстарите работници и оние на мануелни работни места.

Иако стапката на вработеност падна, невработеноста не порасна затоа што порасна бројот на оние кои се откажаа од потрагата во работа, објаснуваат во ОНС.

Стапката на невработеност е проценета на 3,9 отсто и главно е непроменета во однос на истиот период лани, но и во однос на претходниот квартал.

Се стравува дека наскоро би можела да порасне зошто владините мерки за зачувување на работните места во коронакризата ќе се укинат на крајот на октомври.

„Програмата за субвенционирање на платите на работниците без работа не е евтина и доведе до драматичен пораст на државниот долг“, констатира во коментарот во Гардијан заменик директорот на Националниот институт за економски и социјални истражувања Гери Јанг.

„Нема, сепак, никаков сомнеж дека го спаси стопанството од далеку поголема штета“, нагласува Јанг.

Директорот на Институтот за истражување на вработеноста Тони Вилсон стравува дека до крајот на годината стапката на невработеност би можела за падне за околу 10 отсто, стапка која не е видена уште од првите месеци од мандатот на Маргарет Тачер во 80-тите години од минатиот век.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот