Во Велика Британија досега од коронавирусот починале 15.464 лица

Во последните 24 часа, 888 луѓе починаа од новиот коронавирус во Велика Британија, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 15.464, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на заразени се искачи на 114.217 лица, од кои во последното деноноќие се дијагностицирани 5.526.

Британските власти го соопштуваат само бројот на мртви во болниците, а не и на оние кои починале во домови за нега на стари и изнемоштени лица или во други институции.

Организацијата Кеар Ингланд (Care England)  проценува дека илјадници луѓе умреле од новиот коронавирус во пензионерските домови во Велика Британија, далеку повеќе од официјалните бројки. Тие шпекулираат со бројка од 7.500 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот