Во велешката болница има слободни места на двете ковид – одделенија

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Во велешката болница хоспитализирани се  вкупно 62 пациенти, од кои 57 се позитивни на Ковид-19, двајца сомнителни и тројца пациенти со негативни тестови. Од нив 22 пациенти се на кислородна поддршка, информира портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова.

На Инфективно одделение се сместени 50 пациенти и има слободни уште четири кревети, на Физикална има девет пациенти и има уште 15 слободни кревети.

На Интерно одделение „Б” крак се сместени само тројца пациенти, но таму се сместуваат само пациенти кои веќе го прележале Ковид, а имаат дополнителни последици од болеста, па, се оставени на понатамошно лекување.

Д-р Неделковска Николова за МИА изјави дека засега во двете ковид одделенија има здравствен персонал од овие, но и лекари и медицински сестри кои ротираат и дежураат во овие одделенија, а се од другите одделенија на болницата.

Црниот биланс на починати за жал продолжи и денеска. Утринава починал маж од Велес (51) примен на 19 ноември, а тој е 67-ми починат како последица од Ковид од почетокот на епидемијата во Велес и велешко. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот