Во Велес заврши дводневиот ИПАРД Форум

фото: МИА

Во Велес заврши дводневниот ИПАРД Форум на кој претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АФПЗРР разговараа за мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”.

Повикот е отворен и трае до 18 ноември, со кој на земјоделците во земјава им се ставени на располагање 16,6 милиони евра, како и за советодавната улога на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Како што информираат организаторите, досега од ИПАРД Програмата се искористени 19 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да се искористат дополнителни 8,7 милиони евра.

Тие појаснуваат дека најпопуларната мерка од ИПАРД Програмата 2014-2020 е мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бисниси” чиј повик за заинтерсираните земјоделци е отворен и трае до 18 ноември. Со него на располагање се ставени 16,6 милиони евра.

Инаку вакви едукативни инфо денови за ИПАРД програмата се одржаа и во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид.

Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 продолжува на 25 октомври во Калиште и во салата на Општина Вевчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот