Во Велес во февруари 20 дена со средно дневни концентрации на ПМ-10 честички над максимално дозволените

Мерната станица Велес 2 на МЖСПП, лоцирана во градинката во населба Тунел во Велес, во текот на февруари, мерејќи неколку параметри за квалитетот на воздухот, дури 20 дена регистрирала средно дневни концентрации на опасните ПМ-10 честички над максимално дозволената концентрација од 50 микгрограми на метар кубен воздух.

Според податоците на МЖСПП, највисоката средно дневна концентрација од 116,61 микрограми на метар кубен воздух била регистрирана на 6 февруари,а на 5 февруари биле 108,028 микрограми на метар кубен воздух. Високи средно дневни вредности од 115,415 микрограми на метар кубен воздух биле измерени на 2 февруари.

Како што појаснуваат експертите по екологија, тоа значи дека во пооделни часови во текот на овие денови концентрациите на опасните ПМ-10 честички биле и далеку над средно дневните и во многу им го згарозувале здравјето на граѓаните.

Најниски измерени средно дневни концентрации биле во периодот од 8-15 февруари, а најниска средно дневна концентрација од 22,513 микрограми на метар кубен воздух биле регистрирана во изминатата недела на 28 февруари.

Според експертите по екологија, најголем причинител на загадувањето на воздухот и нарушување на неговиот квалитет во екот на грејната сезона било затоплувањето на домаќинствата и фирмите,но и издувните гасови од автомобилите и неповолните временски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот