Во Велес регистрирани три новозаболени со Ковид-19

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Во текот на денешниот ден во Велес се регистрирани три новозаболени од Ковид-19, еден оздравил, а 38 случаи се активни.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денешната прес-коференција по одржаната 20 седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информира дека здравствените институции од градот и претставниците на ОШЗС  оцениле дека состојбата со Ковид-19 во Велес и Велешко е стабилна, но ризиците се големи и апелира граѓаните да бидат крајно претпазливи.

Коцевски информира дека на  Инфективното одделение при Општа болница  во Велес хоспитализирано се 15 пациенти, од кои 14 позитивни и едно лице за кое се чекаат резултати. Четворица од нив се од село Јаболчиште и 11 се од Велес, двајца од нив се наоѓаат на кислородна подршка, а останатите се во стабилна состојба.

Тој поттенцираше дека две медицински сестри, еден медицински техничар и еден доктор од велешката болница се наоѓаат во  Клиниката за инфективни болести  во Скопје со цел да им помогнат на своите колеги во борбата против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот