Во Велес пронајдена мртва жена на улица

Македонска полиција/ Фото: Миа

Вчера во 04.50 минути 28 годишниот Б.Т. од Велес пријавил дека на улица лежи почината жена. Жената била пронајдена вкочанета како лежи на улица „Вера Циривири” во месноста Потокот на левата страна од Велес.

Како што информира Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес, при вршење на увид од страна на полицијата било констатирано дека станува збор за 71-годишната Н.Џ. од Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот