Во Велес и Карпош деца заразени од ковид два дена по почетокот на школската година

Ученици во скопско училиште / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека едно дете од Велес се заразило со Ковид-19 и тоа за прв пат во внатрешноста на училиште.

„Бројките досега покажуваат дека е навистина мал бројот на ученици кои се заболени. До крајот на минатата недела во четири скопски општини во по две училишта во секоја од општините по едно заразено дете со мал број на контакти според епидемиолошките анкети. Денеска дополнително уште два ученика, еден од Велес и тоа за прв пат во внатрешноста и во уште едно училиште тука во Скопје што значи дека навистина е мал бројот на деца кои до сега се евидентирани дека заболеле“ изјави министерот за здравство.

Покрај момчето од Велес, од МОН дознаваме дека девојче на возраст од 14 години, ученичка во 9-то одделение во ООУ Петар Поп Арсов во Карпош 4 е позитивно на ковид, но одделението продолжува со физичка настава на училиште, а девојчето и нејзините блиски контакти се изолирани.

За случајот е известена стручната служба во училиштето и во контакт со епидемиолот се очекуваат препораки за тоа како натаму ќе тече наставата за оваа одделение. Од друга страна, според најновите протоколи за наставата со физичко присуство само најблиските контакти на позитивното лице подложат на епидемиолошка анкета и потоа се одредува дали лицето ќе биде во изолација или не, велат од МОН и напоменуваат дека останатите ученици треба да се вратат на настава со физичко присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот