Во Велес хоспитализирани 76 пациенти, од нив 27 на кислородна поддршка

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Во Велешката болница се хоспитализирани вкупно 76 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни на Ковид 19, пет се сомнителни и седум со негативни тестови. Пациенти освен на инфективното одделение се примаат и на Физикална и на Интерно, а слободни кревети има по некој.

Портпаролката на болницата д-р Весна Николовска Неделкова информира дека 49 пациенти се сместени на Инфективно одделение, 16 на Физикална и 11 на Интерно одделение. Од хоспитализираните 27 се на кислородна поддршка. На сите три одделенија, како што вели таа, има по некој слободен кревет

Во велешката болница, како што информира Николовска-Неделкова, вчера вечерта починала пациентка од Свети Николе на 56-годишна возраст потврдена позитивна. Утринава една пациентка на 73 години од Велес, потврдена позитивна била префрлена на Клиника за нефрологија во Скопје поради влошена бубрежна болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот