Во Велес 14-годишен ученик паднал од прозор

Фото: МИА

Во основното училиште „Панко Брашнар” вчера пред почетокот на наставата, ученик од деветто одделение паднал од прозор на висина од пет метри на бетон и се здобил со тешки повреди. Немилиот настан се случил додека детето си играло со соученици.

Од СВР Велес информираат дека детето било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош, но поради тешката скршеница на потколеница и поради сериозноста на повредата детето е пренесено на лекување на клиниката „Мајка Тераза” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот