Во вчерашната сообраќајка во Ченто повредени се двајца возачи и двајца сопатници

Полиција / Фото: МВР

Двајца возачи и двајца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера во 19:57 часот се случила на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто”  и „Маџари” во скопската населба Ченто меѓу две патнички возила и едно товрано возило.

Како што информира МВР, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје, кое првично избегало од местото на незгодата, но набрзо било сопрено од страна на полициски службеници.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв”, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот