Во Валона запален луксузен автомобил на Албанец од Кичево

Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин.

– Автомобилот „ауди” е во сопственост на Албанец од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена прстигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми.

Полицијата информираше дека автомобилот „Ауди-А8″, производство 2019 година, бил запален во 5:18 часот.

– Според првичните сознанија од увидот автомобилот бил намерно запален откако бил полиен со безнин, од се уште непознати мотиви. Истрагата е во тек, стои во полициското соопштение.

Кичевецот за албанските медиуми изјави дека немал недоразбирања со никого и оти во Валона прстигнал на годишен одмор.

-Јас сум од Македонија, од Кичево, живеам во Германија, дојдовме заради одмор и еве што ни се случи. Автомобилот целосно е изгорен. Не се сомневам во никого, немам недоразбирања со никого. Полицијата истражува, бебедносните камери го имаат снимено настанот, изјави оштетениот, видно вознемирен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот