Во Валенсија се очекуваат нови силни врнежи, издаден црвен метео аларм

Поплави во Валенсија EPA-EFE/RAQUEL SEGURA

Националната метеоролошка агенција на Шпанија издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за вечерва, поради очекување на силни врнежи од 90 литри на квадратен метар.

Жителите на областа Валенсија на југоистокот на Шпанија, која беше силно погодена од катастрофални поплави на почетокот од минатата недела, денеска беа итно повикани да се вратат во своите домови поради опасност од нови силни врнежи.

Во регионот на Валенсија повеќе од 200 луѓе загинаа за време на поплавите во вторникот, а илјадници останаа без домови и имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот