Во услови на пандемија: Чувство на осаменост изразиле 4,2 милиони Британци

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во Обединетото Кралство е регистрирана досега најголемата стапка на осаменост меѓу населението, соопшти денес националниот Завод за статистика (ОНС).

„Би-Би-Си“ јави дека на почетокот на ноември, 4,2 милиони Британци изјавиле дека се чувствуваат осамено во споредба со 2,6 милиони пред избувнување на пандемијата на ковид-19. Ова е најголем број на луѓе кои почувствувале акутна осаменост од првиот „локдаун” во март.

Министерката Дијана Баран смета дека следните неколку месеци ќе бидат исклучително предизвикувачки. Бројките покажуваат дека во изминатите седум дена од своите домови воопшто не излегле дури 2,6 милиони Британци.

Во истражувањето на ОНС учествувале 4.000 луѓе, а младите на возраст меѓу 16 и 29 години имале двојно поголемо чувство на осаменост отколку луѓето на возраст од 70 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот