Во употреба уште два паркомати во кругот на Клинички центар

Два нови апарати за наплата на паркинг-услугите се пуштени во употреба во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“. ЈП „Градски паркинг“ информира дека со нивното пуштање во функција ќе се намалат гужвите и ќе се олесни протокот на возила на ова јавно паркиралиште.

Во моментов располагаме со четири паркомати кои се поставени на одредени локации и тоа на: Гинекологија, Хирургија, Инфективно одделение и Клиника за детски болести. Новите апарати освен во готово, се прилагодени и за наплата преку банкарска картичка, што претставува убрзување на самиот процес – велат од ЈП „Градски паркинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот