Во улогата на татко е најдобар! Бредли Купер ја покажа својата нежна страна во прошетка со ќеркичката (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Холивудскиот заводник, актер и режисер Бредли Купер (44) во последно време честопати се случува да биде фотографиран во улогата на татко, па така и неодамна беше сликан кога беше во прошетка со неговата ќерка Леа Де Сен (2), која ја има со руската манекенка Ирина Шајк.

Актерот е многу поврзан со ќерката, па така по разводот од убавата Ирина, секој слободен момент го користи да го помине со малечката Леа.

Фото: Профимедиа

Бредли беше фотографиран во опуштена варијанта, односно како во рацете ја носи ќерката која пак не ја симнуваше насмевката од своето лице.

Холивудскиот заводник открил дека таткоството потполно го променило и му помогнало да се ослободи од одредени стравови.

– Тоа што станав татко ми овозможи подобро да го разберам моето детство, да се ослободам од стравовите на самооосудување. Сега можам повторно да си играм со играчки по цел ден и да не мислам дека тоа е чудно. Или пак, да гледам цртани филмови по цел ден без чуство дека го трошам времето и својот живот – рекол Бредли.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот