Во Украина задутре тристрана средба Зеленски – Гутереш – Ердоган

Средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Киев, Украина / 3 февруари 2020 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш в четврток во Украина ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти портпаролот на Светската организација Стефан Дужарик.

Тројната средба ќе се одржи во градот Лавов, западна Украина, на покана на Зеленски. Гутереш в петок ќе ја посети Одеса.

На враќање кон Њујорк, генералниот секретар на ОН ќе престојува во посета на Турција. Поконкретно, тој в сабота ќе го посети заедничкиот координативен центар во Истанбул за следење на извозот на житарици преку Црното Море.

Одеса е едно од пристаништата вклучени во договорот за извоз на украински житарици и други прехранбени производи преку Црното Море.

Видео на денот