Во Украина стапи на сила контроверзниот закон што овозможува забрана за работа на медиуми без судска одлука

Во Украина денеска стапи на сила контроверзниот закон што на владата и дава овластувања да ги забранува медиумите без судска одлука.
Законот, подготвен од владејачката партија „Слуга на народот“, ги проширува надлежностите на Националниот совет за телевизија и радио радиодифузија, кој станува единствен регулатор на мас медиумите, јави Анадолија.
Советот има право да испраќа задолжителни упатства до редакциите на сите медиуми, да ги казни сите видови медиуми, да забрани работа на онлајн медиуми во период од 14 дена без судска одлука и да ја откаже регистрацијата на печатените изданија.
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) го повика Киев да го разгледа новиот закон и да почне широк дијалог со синдикатите на новинарите и медиумскиот сектор.