Во угостителските објекти во Чешка само со ковид пропусници

Кафуле во Чешка/ Фото: ЕПА

Во кафулињата и баровите во Чешка од денеска можат да влезат само лицата кои се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест.

Чешката Влада им се закани на угостителите со ригорозни казни ако не ги проверуваат гостите.

Дел од угостителите наведоа дека Владата ја префрла одговорноста за борба против пандемијата на претприемачите, кои веќе се погодени од кризата.

Тестовите за Ковид-19 од денеска веќе не се бесплатни во Чешка, каде 57 отсто од населението е целосно вакцинирано, што е многу помал процент од другите земји-членки на Европска Унија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот