Во угостителски објект уапсено лице за доиздржување казна затвор

Во угостителски објект на влезот во Тетово е уапсено машко лице, по кое била распишана потерница за доиздржување казна затвор, информиа МВР.

-На 16.01.2020 околу 19.20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со други служби на МВР, го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“- соопштуваат од МВР.

Набрзо по лишувањето И.Р. предаден е во КПУ „Идризово“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот