Во Турција вкупно над 1.500 смртни случаи предизвикани од Ковид-19

Луѓе со маски шетаат низ Истанбул / EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во Турција во изминатите 24 часа починаа 115 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.518, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој додаде дека бројот на новозаразени е зголемен за 4.281 лица, со што вкупниот број на инфицирани со новиот коронавирус изнесува 69.392 луѓе.

Во Турција досега од Ковид-19 излекувани се 5.674 луѓе, а во последните 24 ласа тестирани се 34.090 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот