Во Турција уапсени 43 лица осомничени за планирање напади

Турските власти денеска уапсија 43 лица кои се осомничени дека припаѓаат на таканаречената Исламска држава и планирале напади за време на одбележувањето на националниот ден на Турција, соопшти полицијата.

Осомничените се уапсени во Истанбул и северозападниот дел на турската провинција Бурса во три различни операции.

Како што се наведува во соопштението, се претпоставува дека тројца уапсени ги планирале нападите за време на одбележувањето на Денот на Републиката во Истанбул и дека антитерористичките единици откриле дека осомничените биле во контакт со лица кои требало да им обезбедат логистичка помош за нападот.

Според агенцијата Анадолија, 26 припадници на ИД се уапсени денеска во Бурса, од кои 12 Сиријци кои ќе бидат депортирани, додека 14 се задржани во полициска станица.

Прочитајте и...  Шекеринска: Како е возможно Милошоски да е недостапен за судските органи?

Апсењата се случија два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека лидерот на ИД Абу Бакр ел-Багдади е убиен во специјална операција на американските сили во североисточна Сирија, во близина на турската граница.

Во Турција денеска се одбележуваат 96 години од формирањето на секуларната држава, по распадот на Отоманската империја.

Прочитај повеќе

Петар Богојески: Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години

Слободен печат

Шахпаска: Продолжуваме да ја градиме нашата земја по европски пример, современа инфраструктура за современа држава

Слободен печат

Невремето си го направи своето: Чаирчани ловеа риби на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Безос го урна и сопствениот рекорд: Светската економија се урива, а најбогатиот уште побогат

Слободен печат

Интервју со психолог Штерјовска: Коронавирусот ја изеде „старата реалност“, „новото нормално“ зависи од нас

Весна Тодоровска

Испрани се Македонијо!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тегнел: „Шведскиот модел” против коронавирусот е подобар на долг рок

Слободен печат

АХВ: Извршен вонреден инспекциски надзор на сендвичарницата Гранд Бургер

Слободен печат

Ердоган му одговори на Западот за критиките за Аја Софија: Ова е напад врз суверенитетот

Слободен печат

Спасовски: Ние градиме за граѓаните, тие крадат за Белата палата (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винариите (ВИДЕО)

Слободен печат

МТСП: Од денес се исплаќаат средствата од правата од социјална и детска заштита

Слободен печат