Во Турција приведени над 150 странци поради сомневања за тероризам

Фото: EPA-EFE/STR

Полицијата верува дека осомничените екстремисти планирале напади за новогодишната ноќ. Не беа откриени детали.

Турските власти приведоа 267 осомничени во врска со терористички организации, јави Анадолија. Меѓу нив има 161 странец.

Полицијата верува дека осомничените екстремисти планирале напади за новогодишната ноќ. Не беа откриени детали. Апсењата беа извршени за време на кации во 33 населени места и провинции меѓу 20 и 31 декември, додава Анадолија повикувајќи се на соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Не е откриено која националност се странците. Одделно, турските имиграциони власти приведоа 69 странци со „врски со зоните на конфликти”.

Властите запленија пиштоли, експлозиви и дигитални документи поврзани со терористички групи во операција против 69 луѓе. Не се споменува за конкретна терористичка група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот