Во Турција од полноќ забрането движење на помлади од 20 години

Ердоган рече дека возилата веќе нема да можат да влезат и излегуваат во 31 град, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, во текот на следните 15 дена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од вечерва на полноќ наметнува задолжително ограничување на движењето за оние под 20 години, заострувајќи ги мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

– Секој на возраст под 20 години, или оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да смеат да излезат надвор, почнувајќи вечерва на полноќ по локално време, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Турскиот претседател претходно воведе забрана за движење за лица над 65 години и за хронични пациенти.

Ердоган рече дека возилата веќе нема да можат да влезат и излегуваат во 31 град, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, во текот на следните 15 дена.

Од утре започнува и задолжително носење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот