Во Турција од денеска делумна забрана за излегување

 Во Турција од денеска стапува на сила делумна забрана за излегување за време на викендите, објави на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Како што објави Милиет, според новата мерка, на граѓаните нема да им биде дозволено да излегуваат надвор од 20 часот во сабота до 10 часот во недела и од 20 часот во недела до 5 часот наутро во понеделник.

Другите дополнителни мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од 20 часот вечерва, предвидуваат работно време на трговските центри, продавниците за храна, фризерите само во интервал од 10 до 20 часот; како и затворање на кино салите, концертните сали, театрите и  спортските сали.

Од вечерва, рестораните ќе нудат или доставуваат само храна за дома.

Луѓето на возраст од 65 години и повеќе ќе можат да излегуваат надвор од 10 до 13 часот, а оние под 20 години – помеѓу 13 и 16 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот