Во трка за Оскар: „Сестри“ на Дина Дума ќе биде македонскиот кандидат за оваа престижна филмска награда

Дина Дума (лево) со продуцентката Марија Димитрова / Фото: Фејсбук

Филмот „Сестри“, во режија на Дина Дума, е македонскиот кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата бил и филмот „Исчезнатиот“, филм во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот