Во триста дена од годината имаме аерозагадување!

загадување во визбегово
загадување во визбегово

„Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справувањето со загадувањето” е темата на која вечерва се дебатира во Младинскиот културен центар, кино „Фросина”.

Учесниците на дебатата сметаат дека е потребно да се утврди какви конкретни мерки преземаат државните органи и институции.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули изјави дека постојат четири различни студии за загадувањето кои укажуваат дека во скопскиот агломерациски регион, во Битола и во Тетово, најголем извор на загадување е домашното затоплување.

– Ако затоплувањето е најголем проблем, можете да имате затоплување што не загадува, или од струја,  или од гас, или да се приклучите на парно. Сите директиви на ЕУ, посебен план за приклучување на парно, стимулирање субвенции за инвертори, одат во тој правец. Не постои механизам да го земете воздухот и да го однесете некаде и затоа овој план аргументирам е добар, зошто тоа е единствената мерка да се справите со изворите на загадување- рече Макрадули.

Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ изјави, дека не верува во мерките што ги презема власта.

– Некој вид изговор е тоа што и во 20 други земји во ЕУ веќе имаат проблем со аерозагадување. Кај нив проблемот во аерозагадување е надминување над граничните вредности неколку дена во годината.  Кај нас имаме надминување не само во препорачаните 35 дена, туку имаме надминување фактички во 300 дена во годината. Значи ние сме на некој начин професионалци во однос на загадување и кога се споредуваме со  овие европски земји. Затоа во светски рамки нашите градови се на прво место, некаде до трето стигнуваме, меѓутоа европски градови не гледаме во тие светски топ листи- рече Георгиевска.

Организатор на дебатата е Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС).  Дебатата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!” што ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот