Во третиот квартал цената на нафтата порасна за повеќе од 25 отсто

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, зголемувајќи ги добивките во третиот квартал на повеќе од 25 отсто, како резултат на намалувањето на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,2 отсто – на 95,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за еден отсто – на 90,97 долари, пренесува Хина. Така, во целиот трет квартал цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 27 отсто, а на американскиот за 29 отсто. Ова е резултат на неодамнешните одлуки на Саудиска Арабија и Русија за намалување на производството. Овие водечки светски извозници до крајот на оваа година ќе ги намалат испораките за вкупно 1,3 милиони барели дневно.

И преостанатите членки на ОПЕК и сојузниците на картелот се согласија да го намалат производството. По силниот раст во третиот квартал, економистите во анкетата на Ројтерс прогнозираа дека цената на барелот на лондонскиот пазар ќе изнесува просечни 89,85 долари во четвртиот квартал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот