Во тренд е џиновски цвет!

Instagram

Тренд во светот е модниот детаљ цвет и тоа што е можно поголем. Без оглед дали е направен од ткаенина или од пластика, со него ќе го комплетирате изгледот. Истакнете ја пунџата или убавината на пуштената коса. Закачете го околу вратот наместо ѓердан. Ставете го на прерамката на фустанот. Или како што предлагаат модните креатори – украсете го со нив појасот на панталоните, здолништето, фустанот…

Поедини примероци се толку впечатливи што освен нив нема да ви биде потребен друг моден детаљ. Сепак, дизајнерите сметаат дека нема да претерате ако еден цвет ставите околу вратот, а со друг го разубавите пределот околу половината.

А доколку сакате да го следите трендот на поедноставен начин, најдобро е да набавите чанта во форма на цвет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот