Во Тотенхем веќе се гледа „печатот“ на Мурињо, минимален триумф над Барнли
Екипата на Тотенхем на гостувањето кај Барнли славеше со 0:1 и тоа благодарение на тандемот Кејн-Сон, но овој натпревар најдобро ја отсликува филозофијата на Жозе Мурињо.
Тотенхем беше подобар тим во првото полувреме, имаше посед на топката од 63 проценти, но не успеа да се закани ниту еднаш кон противничкиот голман Ник Поуп кој пак немаше ниту интервенција.
Во второто полувреме сликата беше поинаква, домашниот тим почна да игра поофанзивно, а најголемата шанса ја имаа во 72. минута кога Хари Кејн го спаси својот тим исфрлајќи ја топката од самата гол линија по шутот на Тарковски.
Казната за пропуштената шанса на Барнли стигна во 76. минута кога Хјонг-Мин Сон го совлада Поуп и му донесе триумф на својот тим.
Со оваа победа, Тотенхем се искачи на петтото место на табелата со 11 бода, е 18. со само еден освоен бод во пет натпревари.