Во Торино поради недостиг на клупи, наставата се одржува во црква

epa08624456 Individual desks have been positioned for social distancing in a classroom, as preparations for the start of the school year with Covid-19 anti-contagion regulations are underway at the Amedeo Avogadro School, Turin, Italy, 25 August 2020. EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Учениците од едно одделение во Торино на првиот училишен ден настава следеа во црква поради доцнење на доставата на дополнителни клупи потребни за физичка дистанца.

– Немавме друг избор. Новите клупи беа нарачани на почетокот на јули, но се уште не се доставени. Оваа е привремено решение, се надеваме дека ќе трае неколку денови, изјавија од училиштето „Конвито Умберто Први” во Торино.

Првиот училишен ден вчера почна со настава по италијански и латински јазик, а потоа историја, филозофија, па одмор во дворот на црквата, а потоа два часа математика.

Раководството наведе дека „училиштето е секуларно и останува секуларно и покрај тоа што држи настава во црква”.

Италијанскиот весник „Република” објави дека наставата во црква е новост и за верниците, па така една жена насред училишен час влегла во црквата да се помоли.

Учениците од друго одделение на „Конвито Умберто Први” настава следеле во училишната кантина.

Во исто време, децата од едно основно училиште во Џенова ги користеле столиците како маса за пишување, а дел од нив седеле на под, бидејќи немало доволно клупи за секој ученик сам да седи. Поради тоа дел од родителите протестираа пред училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот