Во Тирана почна постапка за екстрадиција на „европскиот Ескобар”во Франција

Станува збор за Фарук Бајбесин, кој е познат како „европскиот Ескобар”. Тој во Франција е осуден во отсуство поради илегална трговија со хероин во Европа.

Судот во Тирана почна постапка за екстрадиција на турски државјанин во Франција, кој е осуден на 30 години затвор поради трговија со хероин.

Станува збор за Фарук Бајбесин, кој е познат како „европскиот Ескобар”. Тој во Франција е осуден во отсуство поради илегална трговија со хероин во Европа.

Бајбесин беше приведен на меѓународниот аеродром во Тирана, на 24 декември минатата година. Судот му одреди мерка притвор, а по добивањето на барањето од француските власти почната е постапката за екстрадиција.

Според полицијата, 53-годишниот Бајбесин од недозволената трговија со хероин остварил милионски приходи.

Махмут Бајбесин, таткото на Фарук, исто така е осуден како дел од нарко мрежата.

На чело на нарко мрежа, која покјрај Турција и Франција била активна низ цела Европа, бил Хусеин Бајбазин, кој исто така е во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот