Во тетовско Вешала во пожар изгореа куќа и плевна, нема повредени

Пожар /Фото: Илустрација

Двокатна куќа и плевна утринава изгореа во пожар во тетовското планинско село Вешала утринава.  Во куќата не живеел никој и нема повредени лица.

-Пријавен е пожар во 7 часот и 45 минути во село Вешала, сопственост на 55 годишна жена од истото место. При пожарот целосно изгореле двата објекти, при тоа нема повредени. На пожарот интервенирале пожарникарите од тетовската териотријална противпожарна единица и огнот е локализирани и ликвидиран, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот ќе се врши увид од полициските службеници на СВР Тетово.

Вчера пожарникарите интервенирале и на пожар на отворено во селото Прељубиште. На 5 март во Стенче изгоре двокатна куќа, каде исто така никој не живеел и немаше повредени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот