Во тетовско пронајдена дрога и оружје

Македонска полиција / Фото: МИА

На 02.03.2021 во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.Ј.(47) и кај Т.Ј.. При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар.

Додека, кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми. Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот