Во тетовската касарна дарувани 44 единици крв во крводарителска акција

Фото: mia.mk

Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центарот за трансфузиона медицина организираа крводарителска акција во тетовската касарна „Кузман Јосифоски Питу”.

-Вкупно 44 единица крв се собрани од вработените и припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Задоволни сме од одѕивот, акцијата беше еднодневна и траеше од 9 до 14 часот, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.

Освен вчерашната крводарителска акција, Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина планираат уште една акција во петок, 26 февруари. Таа ќе се одржи во џамијата Табхане во Тетово од 12:40 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот