Во Тетово за четири часа откриени 21 пијани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На подрачјето на СВР Тетово од 22 часот синоќа до 4 часот утринава е спроведена акциска контрола за утврдување дали возачите управуваат возила под дејство на алкохол. На тетовското подрачје контролирани се 85 возила при што е утврдено дека 13 лица возеле под дејство на алкохол. Во Гостиварско имало 72 контроли, а кај и 8 лица кај кои тестот покажал дека пиеле алкохолни пијалоци.

– На сите 21 возачи им се одземени возачките дозволи и биле исклучени од сообраќај. Истите лица ќе се соочат со мандатни платни налози. Во зависност од степенот на присуство на алкохол во крвта предвидени се казни од 250 до 400 евра, како и времена мерка за одземање на возачката дозвола од 3 месеци до најмногу една година – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во контролите откриени се и уште вкупно 26 друг вид на прекршоци на двете подрачја. Само во Тетовско, во септември 61 лице добило казни и одземање на возачка дозвола поради управување возила под дејство на алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот