Во Тетово прекината свадба со 80 гости, приведени менаџер и сопственик на угостителски објекти

При контрола на угостителски објекти, вчера во Тетово поради прекршување на прописи во време на пандемија прекината е свадбена веселба, а затворени се два локали и приведени сопствениците. На свадбата во угостителски објект на улицата „Видоја Смилевски-Бато” биле затекнати 80 гости.

– Контролата во овој објект е извршена вчера во периодот од 18.00 до 20.45 часот во Тетово од страна на полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а менаџерот Д.С.(38) од село Мала Речица, Тетовско, бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичнит законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 23 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(30) од тетовски Лешок, затоа што неговиот угостителски објект во Лешок работел по дозволеното време и во него биле послужувани гости. Исто така, сопственикот е приведен за расчистување и документирање на случајот.

– За сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информира Јосифоски.

Објектот бил времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот