Во Тетово ќе се одржи француска вечерна програма- Слободен печат
ВестиКултура

Во Тетово ќе се одржи француска вечерна програма

Настаните ќе се одржуваат во просторот зад Центарот за култура на улицата „Јане Сандански" со почеток од 19 часот.

Како дел од манифестацијата „Лето на тетовската култура”, Француската алијанса во соработка со локалната самоуправа организира француска вечерна програма. Настаните ќе се одржуваат во просторот зад Центарот за култура на улицата „Јане Сандански” со почеток од 19 часот.

– Ги покануваме граѓаните да погледнат француски филм, да пробаат од гастрономското бифе, ќе има концерт со повеќе песни кои ќе се изведуваат на француски јазик со групата „Бона Деа”, ди-џеи, а ќе има и забавни активности за децата, најавија од Француската алијанса.

Настанот е отворен и бесплатен за сите заинтересирани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close