Во Тетово има повеќе барања за прегледи во ковид-центарот, се подобрува состојбата на хоспитализираните

Тетовски ковид центар/ фото: Архива на Слободен печат

По новогодишните празници се зголемуваат барањата на граѓаните за прегледи во ковид-центарот во тетовската клиничка болница, информира координаторот д-р Гзим Нуредини. Повеќе има и луѓе на болничко лекување од минатата недела кога имало само 13 хоспитализирани, но според надлежните, општата здравствена состојба е подобра од порано.

 – На болничко лекување сега има 20 пациенти кои се со добра здравствена состојба. Разликата со тоа од порано е што претежно сите хоспитализирани беа во тешка состојба, а сега само неколку се потешко, а сите други се со послаби симптоми. Индикатор е амбулантата, но сега и времето не знаеме како влијае на инфекцијата и проширување со Ковид-19. Најлошото мислам дека го поминавме, изјави д-р Нуредини на денешната прес-конференција.

Според неговите податоци, за преглед се јавуваат 30 до 40 лица дневно во ковид-центарот, а изминатите недели имало и под 20.

– Секако, не се сите позитивни, доаѓаат за преглед со симптоми и сакаат да се тестираат. Од друга страна, кај персоналот има помалку болни и во изолација, околу 12. Порано дури и лекари беа хоспитализирани, изјави докторот.

Тетовскиот регион по бројот на активни случаи е на второ место во државата веднаш по Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот