Во тешка здравствена состојба пренесен во болница еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Судење на Палевски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во тешка здравствена состојба вчера бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Неговиот адвокат, Бојан Манев, за РСЕ вели дека со речиси откажан бубрег, Видевски вчера наутро во неконтактибилна состојба бил префрлен на клиниката за нефрологија. Тој во минатото имал трансплантиран бубрег, а во затворската ќелија константно се жалел на болки.

Од Кривичниот суд во Скопје велат дека се известени за здравствената состојба на обвинетиот и чекаат дополнителни информации за текот на лекувањето.

Боре Видевски заедно со Велибор Манев, Влатко Кешишов, Љупчо Палевски-Палчо и Александар Ѓорчевски се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судскиот процес против нив започна пред десетина дена, а сите обвинети се изјаснија за невини.

Следното рочиште е закажано за 7 октомври, а мајката, бабата и дедото на Вања треба да се појават во судница како сведоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот