Во тешка состојба e повредената жена во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје

Жената е една од тројцата повредени во верижниот судир кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје.

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била донесена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

Жената е една од тројцата повредени во верижниот судир кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје. Останатите две лица се татко и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Девојчето здобило нагмечувања на телото и заедно со таткото се задржани на опсервација.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката во која беа вклучени шест возила и има тројца повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот